16.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат каде е исходот за Дончев, за модуларната, за Ласкарци…

НАЈЧИТАНО

ВМРО-ДПМНЕ не поддржува никаков вид насилство и смета дека тоа не е одговор на проблемите, но нагласува дека инцидентот во Битола е реакција на акцијата на власта поврзана со распродавањето на државните и национални интереси.

„Таквата распродажба на националните интереси, дозволувањето и патронатството на провокации сервирани од источниот сосед, од страна на Владата на Македонија предизвикува кај голем број граѓани фрустрација и бес. Во време кога сѐ уште нема одговор каде се парите од Рекетот, во време кога се дозволи Ден Дончев да избега со туце пари кои ги зема како мито, кога Рашковски и Зекири се осомничени за огромни злоупотреби, кога нема виновни за горењето на пациентите во модуларната болница во Тетово, нема одговорност за несреќите во Ласкарци и во Бугарија, кога Спасовски не одговара за нелегални пасоши издадени на белосветски мафијаши, спроведувањето закон врз сторител на инцидент во Битола е замачкување на очите на јавноста за да се дефокусира вниманието од колективна неправда, срушениот правен систем и економската катастрофа во која живее народот“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО