3.3 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека излезот е во предвремени избори

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Криминалот, тендерите во 4 очи во РЕК Битола и целосната неодговорност од страна на криминалната власт на СДСМ и ДУИ го доведе енергетскиот систем во целосна капитулација. Заради неодговорното работење во енергетскиот систем во државата, граѓаните, стопанството и општините денес плаќаат за 3 пати повисоки сметки за електрична енергија. Секојдневните хаварии во РЕК Битола со не работата на дел од блоковите, поплавата од пред неколку дена во рудникот Суводол, немањето суровини и ископ на јаглен се реалната состојба за негрижата на власта кон енергетскиот систем, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поплавувањето во рудникот Суводол е резултат на неискуството, нестручноста и непочитување на соодветната рударска документација при вршењето на ископ на јаглен. Нестручниот, непрофесионалниот и несовесниот пристап кон работата во РЕК Битола и другите енергетски капацитети во Македонија, резултира со ваков тип на појави каде цената на нивно санирање ќе биде на товар единствено врз грбот на граѓаните“, се вели во партиското соопштение.

ОД ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека според официјалните податоци за последните две години, ЕЛЕМ произведуваат 1 терават час електрична енергија помалку од претходно.

„Во 2019 година ЕЛЕМ произведувале 4,25 терават часови, а во 2021 година произвеле само 3,17 терават часови. Ваквото неодговорно работење на оваа криминална власт мора да и се стави крај. Премногу е. Излезот од оваа криза, но и од грабежот на граѓаните од власта е во брзи предвремени парламентарни избори“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

На соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, со свое соопштение возвратија од владејачката СДСМ.

„Христијан Мицкоски преку невешти оправдувања призна дека дел од општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ направиле злоупотреба, формирајќи јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветлување од ЕВН ја добиваат по цена за домаќинства. Мицкоски треба да знае дека АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните и стопанството, а не за неговите градоначалници да прават малверзации со струјата на штета на граѓаните. Нервозен е Мицкоски откако се откри дека неговите градоначалници го изиграле законот за да обезбедат поевтино улично осветлување, но и откако се откри дека неговите блиски луѓе направиле малверзации со земјиште каде се проневерени 1,6 милиони евра“, велат од СДСМ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img