7.9 C
Ohrid
Thursday, December 1, 2022

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат јавно да се објави содржината на дoкументот

НАЈЧИТАНО

На повидок нов дебакал на предавничката влада предводена од Димитар Ковачевски во дипломатијата. Повторно нови услови и нови документи од страна на Бугарија кон Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ, откако новиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, најави нов документ за исполнување на задачи за земјава. Од партијата бараат владата да ја објави содржината на новиот документ.

„Не беше доволно предавството кое го направија со прифаќањето на Протоколот и рамката за преговори во кои ги внесоа билатералните односи, сега ни се подготвува нов документ со нови услови и задачи кои треба да ги исполни државата. Додека јавно првиот човек на бугарското МНР зборува за нови услови, (Димитар) Ковачевски,(Бујар) Османи и (Бојан) Маричиќ скриени во глувчешка дупка, молчат за она што се подготвува во Бугарија.

Од партијата бараат државниот врв да каже што содржат овие нови документи, кои се новите барања и услови.

„Додека се обидуваа од петни жили да ја убедат македонската јавност дека со Протоколот се затвораат сите услови и барање од страна на Бугарија, за нецел месец, повторно добиваме нови услови и нови барања за исполнување.Нема крај на предавствата и продажбата на македонскиот идентит, историја, јазик и култура на Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ“, се наведува во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ бара брзи парламентарни избори и референдум за граѓаните да го искажат своето мислење за предавствата кои ги прави оваа ненародна власт.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО