5.3 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Одбраната на Мијалков побара негово ослободување во „Плацови на Водно“

НАЈЧИТАНО

Во недостиг на каков било доказ во прилог на обвинението што ми се става на товар, Јавното обвинителство конструираше и монтираше случај врз основа на две неодредени и контрадикторни изјави, рече вчера поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков во завршните зборови за предметот „Плацеви на Водно“.

Според него и двата исказа на Александар Ивановски и Мето Стојчевски, врз основа на кои што е обвинет, не го потврдуваат наводот во обвинението дека тој знаел дека парите со кои наводно се купени плацевите потекнувале од кривично дело.

– Ивановски во сведочењето пред судот само изјави дека Мијалков наводно му рекол да оди во адвокатска канцеларија каде требало да заврши работа и да помогне за некој негов пријател. Сведокот ниту кажа дека му биле спомнати пари, ниту посочи дека му било речено за кого се работи. Вториот и последен сведок кој го спомена Мијалков, Мето Стојчевски, само кажа дека Мијалков му се јавил и му побарал фирма наводно за потребите на Никола Груевски. Потоа Мијалков ниту побарал нешто од него, ниту се интересирал за фирмата, а уште помалку дискутирал за потеклото на парите. Останатите сведоци на ЈО кои во текот на главната расправа требаше да говорат околу начинот на кој се финансирала партијата, воопшто и не го споменаа Мијалков со оглед на тоа што и неговата партиска функција воопшто не била поврзана со тоа – велат од одбраната на Мијалков.

Оттаму додаваат дека освен овие два исказа, кои не укажуваат дека Мијалков знаел за потеклото на парите, Јавното обвинителство не понудило ниту еден материјален доказ дека постоела некоја свест и умисла за делото што му се става на товар. Поради тоа Мијалков вчера посочи дека во неговиот случај не може да постои кривично дело помагање при перење пари бидејќи станува збор за сериозно обвинение за кое мора да има цврсти докази.

ЈО не понуди никаков доказ дека парите потекнувале од кривично дело

Адвокатот Петар Василев вчера посочи дека обвинението за Мијалков е неосновано и нема поткрепа во законот. Тој аргументираше дека за да тргне ЈО во докажување на кривичното дело кое му го става на товар и бара казна, морало претходно, како услов без кој не се може, да докаже друго кривично дело и приходот од тоа дело да биде употребен за купување на плацовите.

– Во правната теорија тоа е познато како предикативно кривично дело, а без предикативно кривично дело не може да се докаже член 273 од КЗ. ЈО беше должно да достави правосилна судска одлука дека некој е виновен за друго дело или да обезбеди отштетно побарување во друга постапка во обем не помал од обемот наведен во обвинителен акт. За разлика од тоа ЈО наводната цена на купопродажбата на предметните плацови ја зема како износ кој што наводно е стекнат незаконски. При тоа прекинат е каузалниот синџир кој е неопходно да постои со цел предикативното дело да се стави во врска со делото кое што ЈО сака да го докаже – вели Василев.

Според него, во недостиг на овие суштински кривично правни елементи и претпоставки без кои нема услови да се докажува ова кривично дело, нејасно е тврдењето дека наводно Мијалков знаел за некакво кривично дело кое го извршил некој од сообвинетите.

– Како би можел Мијалков да знае дека е извршено кривично дело кога органот задолжен за гонење кривични дела не знае од кое кривично дело се потекнати парите и не може тоа да го докаже – праша Василев.

По ваквата состојба, според одбраната не е ни чудно, а не преостанува и ништо друго освен да се изведуваат невистинити, конструирани и фабрикувани докази со оглед дека вистински, релевантни и законити докази не може да постојат. Одбраната тврди дека ниедно од дејствијата кои му се ставаат на товар на Мијалков не се сторени, односно такво нешто не се случило и смета дека тој е ставен во позиција да се брани, иако нема правна основа да биде во таква позиција.

Според одбраната, со ваквиот начин на водење на постапката се врши директен дисбаланс на рамномерност на оружјата и грубо се кршат правата на обвинетиот бидејќи се доведува во позиција да се брани од нешто кое во законита постапка не би смеело да постои, односно претставува директно кршење на членот 6 од Европската конвенција на човекови права со тоа што обвинети се доведуваат во позиција да докажуваат дека се невини, а не се соочуваат со докази за да се бранат.

Одбраната побара Мијалков да биде ослободен бидејќи дејствијата кои ги презел не претставуваат кривично дело, а не е понуден ниту еден доказ за тој да би можел да биде квалификуван како помагач.

Во недостиг на докази обвинителката Стефанова вчера го манипулираше судот

Јавната обвинителка Лиле Стефанова во завршните зборови вчера изнесе тврдење дека наводно при претрес во возилото на Сашо Мијалков нашла договори на фирмата „СС Инвестмент“ со која биле разменети плацовите на Водно со станови на Водно.

Сите медиуми го пренесоа излагањето на Стефанова и веројатно тоа беше единствената нејзина цел, односно креирање на впечаток во јавноста дека поседува докази против Мијалков и создавање на дополнителен притисок врз судот, велат од одбраната на Мијалков.

– Сепак, во текот на постапката Стефанова не ги изведе како доказ овие договори. За правните експерти е јасно дека изведувањето на овие договори би значело и докажување на делото со материјални факти, но истата воопшто и не помисли да го стори тоа за овие седум месеци колку што трае процесот. Проценката е дека овие докази не се изведени само од две причини. Или тие не постојат и се измислени заради ПР причини во завршните зборови или Стефанова имала некаков интерес да прикрива докази, што е кривично дело и не би си дозволила во последен момент сама да се открие – велат од одбраната на Мијалков.

На ова вчера реагираше и адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.

– Јавното обвинителство во завршниот збор кажа дека биле најдени документи за трампа. Ова не е точно! Таков документ не постои, ниту го има во предметот – рече Давидовиќ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО