5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

Одбиено барањето на Ендрју Тејт, тој и неговиот брат „лежат“ поради силување

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Судот во Романија го одби барањето на контроверзниот онлајн инфлуенсер Ендрју Тејт да биде ослободен од затвор во очекување на судењето. Тејт, заедно со неговиот брат Тристан и уште две лица, беа уапсени кон крајот на декември како дел од истрагата за наводите за трговија со луѓе и силување.

Романското обвинителство се сомнева дека браќата организирале криминална група за трговија со луѓе и експлоатирале млади жени за сексуални услуги. Тие ќе останат во притвор најмалку до истекот на 30-дневниот затвор кој го прифати судот на 29 декември кога беа уапсени.

 

 

При претресот на куќата, полицијата пронашла студио за снимање во кое криминалната група наводно сексуално експлоатирала млади девојки и ги принудувала да снимаат порнографски материјали под закана на насилство.

Тејт е поранешен кикбоксер кој учествуваше во британското реално шоу „Големиот брат“ во 2016 година, од кое бил избркан поради напад на еден од учесниците. Оттогаш, тој се здоби со огромна популарност во десничарските кругови на Интернет.

Нему му беше суспендиран профилот на Твитер откако рече дека жените треба да одговараат за сексуален напад. И покрај забраните и суспензиите на социјалните мрежи, Тејт продолжи да се здобива со популарност, особено кај помладите мажи, промовирајќи мизогинија, луксузен и мачо начин на живот, фалејќи се со скапи автомобили, приватни авиони и одмор на луксузни дестинации

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Тепачка меѓу власта и опозицијата во Српското Собрание, Вучиќ мртов ладен ги гледаше

Тотален хаос во српското Собрание следеше во попладневниот дел од расправата, кога пратениците од опозицијата, пред сѐ Двери и Заветник, се упатија кон претседателот...

Што го испишмани Бесими да го поништи покачувањето од 30 отсто?

Дали се во прашање законите или министерот за финансии и владата се повлекоа од најавата дека ќе им ги зголемат платите на вработените во...

РАБОТНА ПОСЕТА НА ХРВАТСКАТА АМБАСАДОРКА НА ОПШТИНА ОХРИД

Денес во работна посета на Општина Охрид, престојуваше амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ. Во разговор со градоначалникот Пецаков, беа разгледани...
spot_img
spot_img
spot_img