26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

ОДБЕЛЕЖАН 21 ЈУНИ – ДЕНОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

НАЈЧИТАНО

Со едриличарска прошетка по езерото и промоција на пловило на соларен погон, денес беше одбелжан 21 јуни, Денот на Охридското езеро. На манифестацијата покрај градоначалникот Кирил Пецаков, присуствуваа и градоначалниците на Подградец Илир Џаколи и на Дебрца, Зоран Ногачески.

– И оваа година традиционално го прославуваме 21 јуни како Ден на Охридското езеро, со силна верба дека ќе направиме се за неговата заштита и промоција, како наше заедничко уникатно природно богатство – истакна во обраќањето градоначалникот Кирил Пецаков и продолжи:

Aктивната соработка помеѓу Охрид, Струга и Дебрца од македонската страна и Поградец од албанската страна, започната пред неколку години, како основна цел ја дефинира потребата за вложување на заеднички напори во поставување на база за соработка, која ќе биде појдовна точка за напредокот во регионот на Охридското езеро.

Годинава со помош на Едриличарската федерација на Македонија и ЕУ, сакаме да покажеме дека силно сме посветени на еколошкиот аспект во ползувањето на благодетите на езерото, а охридските едрилици се патоказ како во иднина треба да изгледа нашиот бисер.

Треба да направиме се, грижата за Охридското Езеро, како огромна природна вредност, да добие соодветна валоризација во заедничките напори и взаемната соработка за заштита и прогрес на езерскиот регион како географска целина, која има слични економски, социолошки и еколошки карактеристики – рече Пецаков пред присутните.

На плажата “Кај Дивоно“, беше промовиран пловен објект на соларен погон, изработен од учениците и професорите од ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“. Овој проект е финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој, а во негова реализација учествуваа учениците Евгенија Шулевска, Шефко Асим, Никола Илиоски, Даниел Котоски, Јован Матлијоски и Христијан Груевски, под менторство на професорите Виолета Никовска и Сашо Ангелоски.

Од страна на градоначалникот Кирил Пецаков и директорот на училиштето Сашо Недески, на учениците и професорите вклучени во изработка на пловилото им беа врачени пофалници.

 

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО