2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

„Огнена група“ на средба со Ахмети,ќе им пресудат на Груби и Османи?!

НАЈЧИТАНО

Група функционери и партиски активисти на ДУИ од таканаречената „Огнена група“ предводени од градоначалникот на Сарај Блерим Беџети и пратеникот Изет Меџити денеска во партиското седиште во Мала Речица одржале средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На средбата биле присутни сите членови на огранокот, имало конструктивна дебата, изјави за Канал 5 пратеникот Арбен Зибери. Тој рече дека разговарале за тековни прашања, но и за несогласувањата во партијата, а повод за средбата било да се најде решение како тие да се надминат.

Беџети, кој преку фејсбук објави дека Ахмети му е пријател, по средбата кусо изјави дека остануваат на ставот за промена во извршната власт. По средбата Беџети на неговиот фејсбук профил објави фотографија со лидерот Ахмети, но со наслов „Цврсто против извршната власт“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО