22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Овие пет важни бројки го одредуваат здравјето на срцето

НАЈЧИТАНО

Без здраво срце, речиси е невозможно телото да функционира правилно. Здравјето на срцето зависи од пет важни бројки.

Крвен притисок
Нивото на крвниот притисок е многу важно за здравјето на организмот. Не е добро ако притисокот е висок или низок. Нормално ниво на крвен притисок е 120/80, според експертите, пишува Times of India.com.

Индекс на телесна маса
Тежината и индексот на телесна маса се директно поврзани со здравјето на срцето. Затоа е важно да внимавате на вашата тежина, бидејќи дебелината има негативно влијание врз здравјето. Индексот на телесна маса поголем од 25 се смета за лош.

Количината на шеќер во крвта
Високиот шеќер во крвта ги оштетува крвните садови и нервите кои помагаат во работата на срцето. Тоа може да доведе до дијабетес и посериозни здравствени последици.

Количината на холестерол
Холестеролот е уште една важна бројка за здравјето на срцето. Имено, зголемениот холестерол ги оштетува крвните садови, што може да доведе до срцев и мозочен удар.

Број на часови на спиење
Возрасен човек треба да спие осум часа. Премалку сон има негативно влијание врз кардиоваскуларниот систем.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО