8.3 C
Ohrid
Wednesday, December 7, 2022

Објавени резултатите од анкетата на ИРИ

НАЈЧИТАНО

Американскиот институт ИРИ ги објави деталите од анкетата, кои се однесуваат на рејтингот на политичките партии во Македонија.

Истражувањето беше спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Брима, фирма за истражување на пазарот во периодот од 27 ноември до 23 декември 2021, преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.

Анкетирани се 1.226 испитаници на возраст од 18 години и повеќе.

ВМРО-ДПМНЕ е со поддршка од 20 отсто, СДСМ 16 отсто. Тоа значи мал пад на рејтингот на СДСМ во споредба со претходните анкети на ИРИ, во март 2021 и во февруари 2020 година, како и позначителен пораст на довербата во ВМРО-ДПМНЕ.

Анкетата забележува интересни резултати кај партиите во албанскиот блок каде што Алијанса на Албанците со 6 отсто рејтинг заостанува замо со еден процентен поен зад ДУИ, кој има 7.

Партијата Левица има 4 отсто рејтинг, а исто толку и Беса.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО