15.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

ОБУКА ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРОЕКТИ ВО РАМКИТЕ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА

НАЈЧИТАНО

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во големата сала на Општина Охрид беше спроведена обука со граѓанските организации за подготовка на предлог проекти, по претходно објавениот повик од страна на Општина Охрид. Проектот е  во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (RЕLOAD2), од програмата за развој на обединетите нации (УНДП).

На обуката граѓанските организации кои се потенцијални подносители на проекти, од страна на консултант беа детално запознаени со начинот на подготовка, пријавување и потребните критериуми. На обуката беа дискутирани идентификуваните недоследности и недостатоци во претходните апликации.

Дополнително, во следниот период ќе се организираат и менторски сесии, преку кои ќе им се помогне на Граѓанските организации во проверката на проектите кои ги подготвуваат, согласно насоките на објавениот Јавен повик. На истите сесии ќе бидат дообјаснети работи кои можеби беа пропуштени при одржувањето на обуките, а се од клучна важност за правилно изготвување на проектот.

Менторските сесии ќе бидат водени од стручен консултант ангажиран од УНДП, а истите ќе се одржат на 18, 26, 28 февруари и на 2 март.

Јавниот повик за граѓанските организации за поднесување предлог проекти трае до 04.03.2022 година, а повеќе информации за истиот може да најдете тука:

 

 

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО