28.9 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Обрадовиќ: Има нервоза, но се уште не е завршена

НАЈЧИТАНО

Тренерот на Монако, Саша Обрадовиќ, по поразот од Олимпијакос во плејофот од Евролигата изјави дека искуството било на страната на гостите, и дека неговиот тим ќе биде подготвен за четвртиот натпревар.

Со победата во Монако, Олимпијакос стигна до водство од 2-1 во плеј-офот од елитното натпреварување. Клубот од Пиреја славеше со резултат 87:83.

„Не ги запревме нивните плејмејкери, креаторите на играта. Слукас има големо искуство и се прилагодува на различни типови на одбрана. Тој погодува и им помага на другите да погодат. Освојуваше титули и знае како да се однесува во тие ситуации“, изјави српскиот стручњак и додаде:

„За многу момци во Монако ова е првпат да играат во плеј-офот. Се разбира, да се научи многу од тоа, неверојатно е дека тим како нашиот ќе стигне до плеј-офот“.

Монако се врати во мечот по -15, Олимпијакос не постигна повеќе од четири минути, но сепак грчкиот тим успеа да остане фокусиран во неизвесната завршница и да стигне до триумфот.

“На почетокот бевме премногу еуфорични поради тоа враќање, мислевме дека можеме да го завршиме натпреварот порано. Но, покажавме и сила и карактер. Мора да покажеме енергија во четвртиот натпревар. Нормално е да имаме нервоза, но ништо не е готово сепак“, заклучи тој.е Обрадовиќ.

Олимпијакос веќе има шанса да го верификува билетот за Белград во петок. И тој дуел се игра во Кнежеството, а доколку Монако израмни, петтиот натпревар ќе се игра во салата „Мир и пријателство“.

Фајнл-форот на Евролигата ќе се игра од 19 до 21 мај во Белград, а засега единствениот познат учесник е Реал Мадрид.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО