12.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Обвинителство велат нема индиции дека Андреа имала намера

НАЈЧИТАНО

До овој момент Основното јавно обвинителство нема отворено предмет за настанот кој вчера предизвика лавина од реакции кај македонската јавност, откако на фотографирањето во Торино, Италија, нашата евровизиската претставничка Андреа Коевска го фрли државното знаме на подот.

– До овој момент нема индиции дека во настанот имало намера државното знаме да се изложи на подбив и исмејување – велат од Обвинителството за „Слободен печат“.

Потсетуваме, евровизиската претставничка е цел на остри критики откако вчера го фрли хартиеното мало знаме за време на фотосесија. Иако се работи за непромислен потег, повеќе експерти проценија дека сигурно тоа не го направила намерно или со умисла да ја понижи Македонија.

Веднаш по настанот, Андреа преку видео-порака се извини за стореното, притоа истакнувајќи дека тоа го сторила без никаква намера, а утринава евровизиската претставничка уште една изрази жалење за чинот, овој пат преку социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО