2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Обвинителството веќе ја слушнало верзијата на Муареми

НАЈЧИТАНО

Обвинителките за организиран криминал Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска наредниве денови ќе бидат сослушани во скопското јавно обвинителство во врска со претресот во Управата на финансова полиција, информираше денеска шефот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски, на брифинг со новинарите.

Како што е веќе познато, екс-директорот на Финансовата полиција, Арафат Муареми, против тројцата поднесе кривична пријава за злоупотреба на функцијата, фалсификување и соизвршителство по нивниот претрес во канцелариите на Управата.

– Пријавителот Муареми даде изјава пред речиси една недела во скопското обвинителство, а во периодот што следи треба да бидат повикани и пријавените лица кои ќе бидат сослушани – најави Бубевски.

Тој додаде дека надлежниот обвинител кој постапува по пријавата веќе ги обезбедил неопходните материјални докази. Поради поднесената кривична пријава против Русковска, Советот на јавни обвинители одлучи таа да биде оддалечена од позицијата шеф на Обвинителството за борба против организиран криминал за да не влијае на постапката.

Од истите причини и Муареми се повлече од директорската функција во Управата. Тој ја темели пријавата на извештајот на републичкиот обвинител Љубомир Јовески, според кого обвинителките извршиле низа пропусти при претресот во Финансовата полиција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО