21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Обвинителството бара осум години и два месеци затвор за Шакира

НАЈЧИТАНО

Обвинителството го официјализираше обвинението против колумбиската пејачка Шакира со кое бара казна затвор од осум години и два месеци за шест кривични дела против Управата за финансии.

Откако исчезна можноста за договор – Шакира ја одби последната понуда што значеше избегнување затвор – констатирано е дека пејачката проневерила 14,5 милиони евра, пишува Ел Паис.

Покрај затворската казна се бара и плаќање на висока парична казна, над 23 милиони евра.

Шакира силно го критикуваше Обвинителството кое го обвини дека е „непопустливо“ и дека користи „несоодветни средства за притисок“ и бара ослободителна пресуда.

И покрај медиумската експонираност, таа е решена да оди до крај, објавија извори блиски до пејачката.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО