7.9 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Нусрет Гокче, најпознатиот угостител од Турција ја шокираше јавноста со својот нов бургер, кој всушност не е

НАЈЧИТАНО

Нусрет Гокче, секако е најпознатиот угостител од Турција, познат уште и како Салт Бае (Salt Bae), ја шокираше јавноста со својот нов бургер, кој, всушност, не е.

Нусрет Гокче наиде на бројни осуди и неодобрување од стручната јавност откако на својот инстаграм-профил во својот ресторан во Лондон ja претстави новата генерација хамбургери. Славниот готвач на свој начин го претстави целиот процес поврзан со создавањето на неговиот бургер.

Покрај негативните коментари и згрозената угостителска стручна јавност, повторно го доби она што го сака, публицитет и виралност. Во видеото можете да погледнете и сами да процените дали ова е провокација или навистина нова кулинарска сензација.

Меѓу различните коментари на видеото на Инстаграм, имаше и еден во кој пишуваше дека оваа верзија на плескавицата е „апсолутно ѓубре“.

„Дали десетгодишно дете го монтираше видеото? Исто така, целата идеја е апсолутно ѓубре“, пишувало во коментарот.

 

„Кој воопшто сака таква плескавица?“, „Престани да се расфрлаш со храната“, „Изгледа ужасно“, „Ова е одвратно, кој ќе го јаде?!“ и „Колку ќе чини, 10.000 фунти?“, му напишале.

Нусрет Гокче, попознат како „Salt Bae“, е турски месар и готвач кој стана популарен, верувале или не, само поради начинот на кој го зачини месото. Откако ќе го исече стекот, го посолува свиткувајќи ја раката во лактот, па солта паѓа по целата подлактица, па сѐ до месото. И тоа движење му донесе слава и милиони, па сега има се повеќе светски градови каде Нусрет ги отвора своите ресторани.

Во моментов ги има 17, а неодамна беше отворен еден во Лондон, каде што луѓето беа шокирани од цените.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО