25.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Норвешка забрани одгледување булдози и кавалери шпаниел

НАЈЧИТАНО

Властите во Норвешка донесоа одлука одгледувањето кучиња од расите булдог и кавалер шпаниел отсега е забрането, бидејќи самото нивно постоење ги повредува и тие страдаат поради тоа.

Имено, Окружниот суд во Осло го забрани одгледувањето на овие две раси со образложение дека им се наштетува, што е во спротивност со норвешките закони за заштита на животните. Пресудата е пофалена од активисти за правата на животните, но критикувана од одгледувачите.

– Многу раси немаат доволно генетска разновидност и носат високи ризици од болести – изјави претседателката на Норвешкото друштво за благосостојба на животните, Ашлид Ролдсет.

Организацијата поднесе повеќе тужби против компании и поединци кои одгледуваат кучиња.

– Треба да го промениме начинот на којшто одгледуваме кучиња. Начинот на кој го правиме тоа сега можеби беше прифатлив пред 50 години, но веќе не е – додава активистката.

Поради еволутивното мешање на расите, недостигот на генетска разновидност меѓу нив и условите, повеќе од половина од булдозите во Норвешка последниве 10 години морале да се родат со царски рез.

– Неможноста оваа раса да се роди по природен пат, сама по себе е доволна причина тие кучиња да не се парат – пишува во пресудата.

Кавалерите шпаниел, кои ги освоија срцата на кралицата Викторија, Роналд Реган и Силвестер Сталоне често страдаат од главоболки поради премалиот череп и имаат проблеми со срцето и со очите, потврдуваат познавачите. Овие болести не можат да се избегнат со парење со чистокрвни видови од други земји, бидејќи постои општ недостаток на генетска разновидност меѓу нив.

– Овие две раси на крајот ќе исчезнат – рече Ролдсет.

Рекреативните и професионалните одгледувачи имаат аргументи против. Признаваат дека овие две раси се склони кон „предизвици“, но тврдат дека може да се избегнат со селективно парење коешто е во согласност со стандардите за раса.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО