16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Норвешка забрани влез за руски камиони и бродови

НАЈЧИТАНО

Норвешката влада денеска соопшти дека ќе ја следи одлуката на Европската унија да ги затвори поморските пристаништа и границите за рускиот стоковен сообраќај.

Затворањето на поморските пристаништа стапува на сила на 7 мај, додека границата ќе се затвори од денеска.

– Санкциите се нашето најважно средство за притисок врз рускиот режим и од клучно значење е да застанеме со ЕУ и другите земји со цел да продолжиме да ја ослабуваме способноста на Русија да ја финансира војната во Украина – изјави министерката за надворешни работи Аникен Хутфелт.

Одлуката предвидува Осло да забрани руски бродови, вклучително комерцијални бродови, јахти, едрилици и пловила за рекреација, во норвешките пристаништа.

Поради посебниот договор што постои меѓу Германија и Русија за управување и зачувување на рибниот фонд во Баренцовото Море, забраната нема да ги опфати рибарските бродови, како и спасувачките или истражувачките бродови.

Забраната за товарен превоз по копнен пат се однесува на транспортните компании основани во Русија и се применува веднаш, се вели во соопштението на норвешката влада.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО