27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Нови 739 заразени, дури половина од тестираните

НАЈЧИТАНО

Во последните 24 часа направени се 1 570 тестови, а регистрирани се 739 случаи на ковид-19, од кои 153 се реинфекции. Оздравени се 659 пациенти, а во изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје на 73-годишна возраст. Лицето е починато во болнички услови. Во моментов активни се вкупно 4.218 случа, информира попладнево Министерството за здравство.

Од вкупниот број нови случаи, во Скопје се регистрирани 262 случаи, Битола 55, Куманово 40, Кавадарци 37, Охрид 35, Прилеп, Тетово и Велес по 28, Гостивар и Штип по 24, Струмица, Струга и Радовиш по 19, Неготино 14, Кичево, Кочани и Свети Николе по 13, Ресен 12, Крива Паланка 10, Гевгелија 8, Делчево, Богданци и Кратово по 5, Берово, Виница, Крушево, и Демир Хисар по 4, Демир Капија 3 и по двајца во  Дебар и во Дојран.

Досега во земјата се направени вкупно 2.125.150 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 330.755, бројот на оздравени пациенти е 317.149, а на починати 9.388 лица.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО