15.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Нови 679 заболени од ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа

НАЈЧИТАНО

Нови 679 заболени од ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 1.537 тестови, а регистрираните нови случаи се во Скопје – 273, Битола – 59, Oхрид – 38, Кавадарци – 37, Куманово – 35, Гостивар – 30, Тетово – 28, Прилеп – 24, Кочани – 17, Струмица, Берово, Струга и Велес по 13, Гевгелија – 12, Штип – 11, Неготино и Радовиш по 10, Кичево, Ресен, Делчево, Виница и Кратово по 5, Крива Паланка – 4, Валандово – 3, Свети Николе, Дебар и Крушево по 2, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија по 1.

Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 130 реинфекции. Регистрирани сe 291 оздравен пациент.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено починато лице, а не е пријавено ни според Регистарот на умрени лица од Мој термин.

Досега во земјата се дијагностицирани 332.667 лица, бројот на оздравени пациенти е 318.890, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 4.379. Во Скопје има 1.826 активни случаи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО