16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Нова шокантна изјава на Олена Зеленска

НАЈЧИТАНО

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, по повод неодамнешното појавување во магазинот „Вог“ изјави дека тоа било одлична можност да се зборува за Украина.

– Милиони го читаат „Вог“ и моја должност беше да разговарам директно со нив. И тоа беше интересно искуство – додаде Зеленска.

Зеленска рече дека целата земја е „под постојан стрес“.

– Од 24 февруари сме под постојан стрес и тој не се смирува – изјави првата дама на Украина.

Таа вели дека владата спроведува поддршка за да им помогне на Украинците да добијат помош за нивното ментално здравје и дека и помага Светската здравствена организација (СЗО).

Минатата недела таа беше домаќин на првите дами на многу земји, а на средбата разговараа за војната во Украина и за потребната помош.

– Првите дами немаат можност да влијаат политички, но ние имаме емотивно влијание. Сè разбираме, сè чувствуваме – рече Зеленска.

Зеленска рече и дека е многу важна потребата земјата да продолжи да работи и луѓето да продолжат.

– Земјата мора да опстане, земјата мора да зачува некаков облик на нормалност. Дури и војниците им кажуваат на своите пријатели да одат на кафе, да гледаат филм, да уживаат во мирот што го имаат – заклучи Олена Зеленска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО