8.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Нова шанса за бугарско-македонските односи?

НАЈЧИТАНО

Шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска во среда ќе дојде на дводневна посета на Скопје, а според македонскиот државен врв, веќе има нов импулс во македонско-бугарските односи. Генчовска и нејзиниот македонски колега Бујар Османи денеска во Брисел учествуваа на работниот појадок на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ, организиран од министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас.

Додека се кршат копјата околу евентуален договор меѓу Скопје и Софија, македонскиот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, оценува дека односите со Бугарија се смирени, а провокациите се сведени на минимум.

– Генерално, не постои негативна комуникација помеѓу двете влади. Тоа значи дека новиот пристап даде резултати и дека успеавме да ја нормализираме комуникацијата, за таа да се одвива на повеќе нивоа – оцени Маричиќ, коментирајќи за односите Скопје – Софија, во гостување во „Утрински брифинг“.

Од друга страна, премиерот на Бугарија, Кирил Петков, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ нагласи дека прво мора да се решат правата на Бугарите во Македонија и нивните гаранции во рамките на Уставот, пред да се отвори европскиот пат за земјава.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО