17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Новата тартан гумирана атлетска патика на Градскиот стадион во Пробиштип е завршена

НАЈЧИТАНО

Новата тартан гумирана атлетска патика на Градскиот стадион во Пробиштип е завршена во рамки на заложбите на Општината за вложување во инфраструктура за обезбедување на услови за развој на спортот во градот.

– Градскиот стадион полека го добива потребниот изглед. Многу наскоро следува и поставување на нови седишта на трибините.  Дополнително кон ова општината води разговори со приватниот сектор за финансирање и поддршка на фудбалскиот клуб Рудар за да го вратиме во лигата којашто доликува на овој фудбалски клуб – изјави градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

Проектот за изградба на атлетската патека е финансиран од страна на Агенцијата за млади и спорт и Општина Пробиштип.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО