More

    Нинова вели дека бугарскиот претседател сака вистинска власт

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    - Advertisement -

    Вицепремиерката во оставка и лидер на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова во интервју за БНТ ги критикуваше постапките на претседателот Румен Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Нинова го обвини Радев за пристрасни напади врз Владата на Кирил Петков, бидејќи се стреми кон поголема моќ.

    Таа коментира дека претседателската институција на Румен Радев му е тесна и дека сака вистинска власт. Преодните влади од минатата година, преку кои тој владееше, му се допаднаа. Радев, според Нинова, се надевал дека со лансирањето на „Продолжуваме со промените“ на власт како лица на промените, ќе остане во позадина и преку своите луѓе кои учествувале во преодните влади на Бугарија ќе продолжи да ги влече конците и да владее со земјата.

    Корнелија Нинова го коментираше предлогот на француското претседателство со ЕУ за Северна Македонија дека БСП се воздржа од гласање во Националното собрание бидејќи тоа не ги испочитувало целосно нивните т.н. црвени линии за Република Северна Македонија за спроведување на билатералниот договор. Во него се вели дека преговорите ќе започнат откако Скопје ќе го промени Уставот и ќе ги вклучи локалните Бугари во него, а тоа е добар предлог, според Нинова.

    Сепак, додава таа, предлогот се однесува на билатерален протокол без истиот да биде потпишан од ниту една страна. Коментирајќи ја острата реакција на премиерот на Северна Македонија за предлогот на француското претседателство со ЕУ, Нинова рече дека бугарските интереси не се заштитени, бидејќи не е потпишан билатерален протокол.

    Нинова беше категорична дека темата „Македонија“ е грубо искористена за партиски цели од две партии – „Има таков народ“ и ГЕРБ. Таа коментира дека во моментов има сугестија оти може да се формира ново евроатлантско мнозинство во Националното собрание, преку кое Бојко Борисов се обидува да си го исчисти својот имиџ преку темата „Македонија“, што го одвлекува вниманието од целта за која протестираа луѓето во Бугарија во последните две недели.

    За Корнелија Нинова, нови избори и преодна влада се најлошото за народот во Бугарија, бидејќи земјата ја чека тешка есен и тешка зима.

    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јави агенцијата Анадолија. Девојчето од сириско потекло било спасено од...

    Бројот на загинатите расте, борбата по преживеани не запира

    Бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија вчера надмина 6.200 луѓе и се очекува да продолжи да расте, додека пристигнуваат спасувачки тимови и меѓународна...

    Прашања и одговори за крипто-средствата

    Прашања и одговори за крипто-средствата Што се крипто-средства? Како изгледаат крипто-средствата? Кои се разликите меѓу крипто-средствата и суверените валути (пари)? Дали централните банки издаваат дигитални валути? Каква е улогата...

    Moda

    Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

    Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

    Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

    Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

    Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

    Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
    spot_img
    spot_img
    spot_img