21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Николоски смета дека актуелната Влада е без легитимитет

НАЈЧИТАНО

– Јас мислам дека избори треба да има во најкраток можен рок, а тоа според Уставот е 45 дена, затоа што целокупното одлагање на процесот на предвремени избори, само дополнително и носи штета на Македонија – вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото денешно гостување во утринската програма на телевизија Канал 5, запрашан, дали ќе има избори на есен ако нема подигање на бугарската рампа и датум за преговори со Европската Унија.

Тој додава дека, ако изборите се организираа уште минатата година, веднаш после локалните избори, досега Македонија веќе ќе имаше Влада со полн политички легитимитет, која покрај прашањето со почетокот на преговорите со ЕУ ќе можеше да ги решава и криминалот и корупцијата како и економско – енергетската криза, која покрај движењата во Европа, пред се е предизвикана поради неспособната актуелна власт.

– Да се организираа избори кога ние предлагавме, а тоа беше Собранието да се распушти веднаш после локалните избори, затоа што резултатите беа јасни и волјата беше јасна, веќе втората половина на декември ќе имаше избори и сега ќе имавме Влада со полн легитимитет. Која што, покрај ова прашање ќе можеше да го решава и прашањето на организиран криминал и корупција и пред се прашањето на една голема енергетска и економска криза со која што се соочува Македонија. Криза која што делумно е предизвикано поради движењето во Европа, но најголем дел е предизвикана заради неспособноста на актуелната власт, затоа што Македонија има сериозни капацитети за производство на електрична енергија, кои што или не ги користи доволно заради лош менаџмент на тие капацитети – рече Николоски.

Така што, додаде тој, предвремените избори се нешто кое што мора да се случи, затоа што неодржлива е оваа ситуација на, практично, вештачко држење на моќта во Собранието.

Во текот на своето гостување Николоски се осврна и на изборот на конзулати. Тој посочи дека има индиции на кршење на Законот за надворешни работи, затоа што членот 49 кој што се однесува на упатување на конзули, кое што е едно дипломатско звање под амбасадорот, значи Македонија има амбасади и има конзулати, вели дека за конзул може да биде испратено лице кое што е висок дипломат во рамките на министерството за надворешни работи. Или доколку не е така, по исклучок може да биде испратено лице кое што е високо афирмирано во јавноста и кое што е високо афирмирано во меѓународните односи што јавноста ќе се согласи секако дека не е ова лице кое што е предложено.

– Аматеризмот оди дотаму што не ни знаат каде ја праќаат, имено велат дека ја праќаат во генералниот конзулат на Македонија во Њујорк, а од 2016-та година конзулатот на Македонија е преместен и не е веќе во градот Њујорк туку е во Њу Џерси. И зошто се премести конзулатот беше затоа што во Њу Џерси има огромна македонска дијаспора, и идејата е тој генерален конзулат да служи на нашите луѓе кои што живеат во случајот Њу Џерси, полесно да извадат пасош, други документи, да можат полесно да си дојдат тука, да комуницираат со своите роднини и пријатели. Така што не ни знаат каде ја праќаат конкретнава госпоѓа. Што кажува за еден целосен распад систем. Таму и претходниот министер Димитров и актуелниот Османи се мераклии за медиуми, се мераклии за медиумска слава, сакаат брзи решенија во споровите кои што Македонија децениски ако сакате и вековно ги има и со Бугарија, прават решенија кои што се на штета на државата и пред се на македонскиот народ како мнозински, и на крај завршуваат со фијаско – нагласи Николоски.

Идејата зошто се поднесе Декларација за заштита на ликот и делото на Гоце Делчев е затоа што се одбележуваат 150 години од неговото раѓање и во услови кога видовме дека власта не презема никакви активности и се соочивме со една ситуација каде што бугарската држава организираше бројни манифестации и издадоа почесна монета, научни дебати, концерти, а во Македонија немаше ништо, а премиерот не се ни појави на гробот на Гоце Делчев, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во утринска емисија на Канал 5 Телевизија, потенцирајќи дека СДСМ со одбивањето на Декларацијата покажа дека нема чесни намери во спорот со Бугарија.

Николоски нагласи дека СДСМ со ова покажаа дека се против зачувување на ликот и делото на Гоце Делчев и дека загрижувачки е фактот што и другите клучни историски личности од илинденскиот период се дел од преговорите со Бугарија и тоа значи подривање на темелите на македонската држава.

– Модерната македонска држава има јасен континуитет, и битката за модерната македонска држава почнува од 19 век преку буните, па процесот на преродба силен образовен процес, продолжува преку големите македонски востанија како Разловечкото и Кресненското. Оваа борба добива круна со Илинденското востание, но не застанува тука, има една континуирана битка и на територијата на Македонија се случува континуирано Востание кое добива свој врв со Втората светска војна, НОБ и АСНОМ како круна што е државотворна форма на еден дел од територијата на Македонија и своја дефинитивна државотворна форма со осамостојувањето и референдумот 1991 година. И ова никој не смее да го подрива, а сега се удира по клучните личности што значи се удира во темелите на македонската држава – појасни Николоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО