13.3 C
Ohrid
Monday, October 3, 2022

Николоски обвини дека во Крушево е организиран партиски собир на СДСМ

НАЈЧИТАНО

Ако илинденците освојуваа педа по педа, и во 1903-тата година и во  1944 –тата година макотрпно создаваа држава. Гледаме дека таа држава со забрзано темпо се руши. Илинденска и Асномска Македонија се руши. Се рушат идеалите на сите оние кои што ги дадоа своите животи за независна и обединета Македонија. Се рушат идеалите на генерации кои што сонуваа за македонска држава, со македонски јазик како официјален јазик на истата, со македонска култура, со македонска традиција и историја, со македонски корени кои што датираат векови и векови наназад. За жал гледаме дека една Влада предводена од СДСМ и од ДУИ ги руши овие темели и ги руши овие корени, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој посичи дека од Крушево сака да порача дека Македонија и македонскиот народ се многу посилни.

– Илинденското востание е македонско, и тоа е јасно и го знаат сите, го знае цел свет. Било, е и ќе остане македонско! Исто така би сакал да се осврнам на уште една тема, гледате ние сме тука, но за жал СДСМ не успеа да се надмине себе, донесоа тука исклучиво партиски активисти. Кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација, всушност и на одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука, не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла а не под политичка наредба. На овој начин уште еднаш покажуваат дека се антидржавна партија и партија кој што нема допир со сопствениот народ  и која што бега од народот. Заради ваквото партиско и политичко однесување, ние во овој момент ќе го напуштиме Мечкин Камен и нема да присуствуваме на обраќањето на претседателот на владата, затоа што очигледно, ова е партиска манифестација на СДСМ, а на митинзи на СДСМ немаме намера да учествуваме – додаде Николоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО