2.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Николоски бара ЕУ да го почитува ставот на Македонецот

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Ако нешто во моментов ги загрижува граѓаните и нешто е причина граѓаните да размислуваат и да ја напуштат државата, мислам дека во моментов најзначајната причина е високо распостранетата корупција и криминал коишто не ги има само на високо ниво, туку, за жал, се спуштени и на најниско можно ниво, обвини денеска Александар Николоски, претседател на Националниот совет за евроинтеграции.

– Нема институција, нема сектор каде што наместо да владеат правилата или да владеат законите, или да владејат добрите практики, владеат стандарди коишто се поврзани со лична корист на одредени службеници кои што работат таму, рече тој.

Николоски додаде дека тоа е причина да доволен број на луѓе да размислуваат да ја напуштат државата. Денеска граѓаните не ја напуштаат Македонија поради економски причини туку и поради високото ниво на корупција и криминал.

– Морам да ја искажам и мојата загриженост за најновите одлуки на одредени земји членки на ЕУ пред сѐ тука мислам на Германија, којашто силно ја либерализира политиката за издавање на сопствени државјанства, што мислам дека дополнително ќе иницира процес на иселување не само од Македонија туку од целиот регион. И регионот заглавен во оваа идеја за проширување и во желбата за напредок, наместо да напредува станува добар извозник на едуцирана работна сила. Тоа е предизвик со кој што ќе се соочува и Македонија и регионот во периодот кој што доаѓа – рече тој.

Тој се осврна, како што рече, на дополнителните услови кои што секогаш и се поставуваат на земјава во однос на членството во ЕУ.

– Втората работа која што сакам да ја споменам, ја знаеме сите добро и е во однос на дополнителните услови кои што секогаш и се поставуваат на Македонија, дали тука зборуваме за промената на името, дали тука зборуваме за условувањето од страна на Бугарија, постои чувство дека тоа е еден процес кој што никогаш не прекинува. Ќе употребам една паралела и ако не е целосно соодветна, Шведска се обидува да стане членка на НАТО и има условување од страна на една друга земја членка на НАТО алијансата, а тоа е во случајот Турција. И мислам дека премиерот на Шведска имаше една многу корисна изјава деновиве кога кажа има работи кои што можат да ги направат, но има работи кои што не можат да ги направат затоа што се спротивни на нивните вредности – рече Николоски.

И во таа насока, додаде тој, мислам дека треба да биде испочитувано и мислењето на мнозинство пред сѐ од македонскиот народ затоа што прашањата коишто се поврзани со Бугарија го задираат директно делот на самоопределување на македонскиот народ каде што точно има работи кои што народот едноставно мисли дека не треба да бидат прифатени.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(ЕКСКЛУЗИВНО) Држи ли ЈО Охрид во Притвор невино лице за да се задоволи б’лгарската мегаломанија???

Христијан Пендик(ов), лице за еднократна употреба во б’лгарската мегаломанија, стана една од најозборуваните личности која служи за поткусурување на големобугарските аспирации кон Македонија. Но, што...

Покојниот крал на попот ќе го игра неговиот внук Џафар Џексон

Американскиот режисер Антоан Фуква го пронајде главниот актер за неговиот планиран филм за животот на поп ѕвездата Мајкл Џексон. Главната улога во филмот Мајкл...

Затворениците во САД ќе можат да си ја скратат казната со донирање органи

Затворениците во американската сојузна држава Масачусетс ќе можат да ги намалат затворските казни за најмалку два месеци доколку донираат коскена срж или органи. Доколку законот...
spot_img
spot_img
spot_img