23.9 C
Ohrid
Monday, May 23, 2022

Николина Пишек се прости од сопругот

НАЈЧИТАНО

Водителката Николина Пишек со заедничка фотографија и емотивни зборови се прости од својот сакан сопруг историчарот на уметност Видоје Ристовиќ, кој ненадејно почина на 44-годишна возраст.

Таа објави заедничка фотографија со Видоје на која го бакнува додека тој ја гушка.

„Сакаме вака да те паметиме. Насмеан, ведар, во бои, под сонцето. Со сите нас. Да имаше уште вакви моменти… Да не трчавме по уште некоја обврска, по уште некоја прилика, да не чекавме уште нешто да се нареди за да бидеме сите заедно среќни. Некои средби никогаш не се дочекуваат. Но и вака сум богата – и сите ние заедно – богати за сите бесценети моменти со тебе кои би можеле да исполнат и три животи. И ти благодарам за секој од нив. Прости ми и благодарам за секоја тага – и тие нè изградија. Благодарам за љубовта. Благодарам на Уна. Ќе живееш во секој од нас додека дишеме. И ќе те гледаме во твојата Уна и во твојата Матеа. Наш си. Патувај и не грижи се…“, напиша Пишек.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО