17.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Никола Јокиќ втор пат по ред е МВП на НБА

НАЈЧИТАНО

Новинарот Андреј Војнаровски отркива дека центарот на Денвер нагетс Никола Јокиќ, втора година по ред ќе биде прогласен за најкорисен играч (МВП) во НБА лигата.

Поради повредите на повеќе играчи, Нагетси не можеа да одат подалеку од првото коло од плеј-офот, но Јокиќ благодарение на одличните партии втора година по ред е прогласен за најкорисен кошаркар во најсилната кошаркарска лига на светот.

Во најтесната конкуренција беа Џоел Ембиид од Филаделфија и Џанис Антетокунмпо од Милвоки.

Јокиќ имаше уште подобра сезона од претходната. Тој имаше просек од 27,1 поен, 13,8 скока и 7,9 асистенции. Беше најдобар во индексот на корисност (32,94), а никој пред него не успеа да ја заврши сезоната со повеќе од 2.000 поени, 1.000 скока и 500 асистенции.

Во овој век, последователни награди за МВП беа доделени на Џанис Антетокунмпо, Стеф Кари, Леброн Џејмс (два пати по ред), Стив Неш и Тим Данкан.

Војнаровски важи за најдоброинформиран новинар во НБА.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО