16.9 C
Ohrid
Thursday, September 29, 2022

Никогаш не робувал на мачо-ставот

НАЈЧИТАНО

Како по правило, колку повеќе јавни личности го кријат својот приватен живот, толку повеќе јавноста сака да го знае секој детаљ. Тоа го доживеаја и Петар Грашо и Хана Хуљиќ, новопечаната брачна двојка. Иако од почетокот се трудеа љубовта да ја чуваат само за себе, не успеаја.

„Ако постојат двајца луѓе кои сакаат помалку да се експонираат надвор од нивната работа, тогаш тоа сме Хана и јас. Медиумите само си ја вршеа работата, јас не сум дипломат, но разговарав со некои мои пријатели новинари и реков „луѓе, зошто повеќе?“, а тие велат „вашите вести имаат најмногу кликови““, рекол Грашо и открил како му е додека ги читал вестите за себе.

„Секој ден кога ќе прочитам нешто, си велам: „Кога мене ми е преку глава од Грашо и Хана, можам да мислам како им е на другите луѓе““, се пошегувал тој.

„Иако медиумите пишуваа многу убаво и коректно, ние навистина сакавме да се венчаме само во круг на пријатели“, рекол пејачот и призна дека тој и Хана направиле грешка – колку повеќе се криеле, толку биле поинтересни за јавноста.

„Мислев дека ќе шетаме низ градот фатени за раце, но видов толку многу новинари и фотографи како снимаат што навистина помислив дека тоа е некаква скриена камера“, раскажал пејачот и го откри својот став за темата презиме кое жената го зема на венчавката.

„Никогаш не сум му робувал на тој мачо став дека жената треба да го носи само презимето на сопругот, живееме еден изненадувачки лежерен живот“, открил популарниот пејач. За неговите зборови сведочи и фактот што Хана го задржала моминското презиме и го додала Грашо.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО