23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Низ Европа сè побрзо се шират новите две субваријанти на омикрон, БА.4 и БА.5, во однос на другите варијанти на ковид-19

НАЈЧИТАНО

Низ Европа сè побрзо се шират новите две субваријанти на омикрон, БА.4 и БА.5, во однос на другите варијанти на ковид-19, што значи дека како што стануваат подоминантни, така може и да го зголемат бројот на хоспитализации, но кај нас ситуацијата е стабилна.

Во разговор за Плусинфо, портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ вели дека во Македонија во моментов состојбата е стабилна и засега нема простор за паника.

– Во Комисијата за заразни болести секој понеделник пристигнуваат податоците за претходната недела од Институтот за јавно здравје, при што ние ги анализираме. Според нив, можеме да заклучиме дека кај нас сè уште најдоминантна е подваријантата БА.2 на коронавирусот, а потоа БА. 1. Ние ја следиме состојбата на ковид-19 во светот и можам да кажам дека во Македонија засега не е секвенционирана ниту една од актуелните подваријанти на БА.4 и БА.5 – ни одговори Мехмедовиќ.

Во последните десетина дена се зголемува бројот на инфекциите со ковид-19 во соседна Грција, со 6.374 нови инфекции пријавени во просек секој ден, а таму веќе е започната летната сезона и се очекува голем број Македонци да заминат на одмор. Д Мехмедовиќ ни рече, дека не сака да шпекулира дали повторно коронавирусот ќе го увеземе во земјата, но потенцираше дека состојбата ќе се следи од нивна страна.

Нè очекува нов бран?

Пред неколку дена професорот Дејан Трајковски, кој од почетокот на пандемијата прави математички анализи поврзани со вирусот ковид-19, на својот фејсбук-профил објави дека земјава е пред нов ковид-бран.

– Зад нас веќе имаме четири големи брана. Четири врва и четири дола, а според индикаторите дојдовме до дното на последниот дол. Шансите за нов бран се големи, по слободна процена околу 80%. Речиси низ цела Европа бројките растат – од Велика Британија, преку Франција, Германија, Австрија, Швајцарија, Словенија, Хрватска, Србија до Грција, така што прашање на денови е кога ширењето ќе стане видливо и кај нас. За тоа има услови, пред сè поради укинувањето на сите мерки, и одржувањето на вирусот во циркулација сето ова време од јануари до сега. Дневните бројки беа за 3-4 пати поголеми од истиот период од минатата година, односно немавме намалување како што би требало да има – анализира професорот Дејан Трајковски.

Закана од нов глобален бран

Неодамна од Европската агенција за превенција од болести соопштија дека европските земји детектираат ниски бројки од овие субгрупи, но во земјите каде што има пораст, како што е Португалија, 87 отсто од ковид пациентите беа заразени токму со БА.5 варијантата.

Европските земји доживуваат пораст на приеми во болниците заради овие подваријанти на високо заразниот вид омикрон, со што се заканува нов глобален бран на болеста, бидејќи ограничувањата за пандемијата се речиси укинати. Ковид бројките се зголемени во неколку земји, меѓу кои Франција и Англија. Во Германија, каде што приемите се зголемуваат повеќе од една недела, уделот на инфекции со ковид-19 е припишан на БА.5 варијантата.

Како што пишавме и погоре, зголемени бројки се забележани и во омилената дестинација за одмор на Македонците, Грција која ги олесни правилата за влез во земјата. Туристите можат слободно да влезат во Грција. Веќе не е задолжително носење маски на отворено или во затворен простор. Пристапот до ресторани, ноќни клубови и кина е неограничен.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО