15.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Не смее да се прават промени во договорот за Северна Ирска

НАЈЧИТАНО

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја предупреди Велика Британија да не прави какви било „еднострани“ промени во тешките трговски аранжмани по Брегзит во Северна Ирска.

– Никој не треба еднострано да го укине или раскине или на кој било начин да го менува аранжманот што го договоривме заедно, истакна Шолц на прес-конференцијата со белгискиот премиер Александар Де Кро во Берлин.

Додека Кро, пак, наведе дека „пораката е сосема јасна“.

– Не допирајте го ова, ова е нешто за што се договоривме – посочи Кро, обракајќи им се на британските колеги.

Претходно, министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас, посочи дека нејзината земја размислува да се откаже од специјалниот царински статус на Северна Ирска, што е резултат на прговорите со ЕУ, кои се водеа по брегзит.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО