9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Не можеме бесконечно да се потпираме на резервите

НАЈЧИТАНО

Познатата американска компанија за финансиски и кредитни услуги Moody’s објави анализа во која тврди дека Руската Федерација, технички, можеби веќе банкротирала. Како аргумент се зема фактот дека неодамна Русија понудила да плати за два странски долгови од еврообврзници во рубљи, иако во одредбите јасно се вели дека не може да се исплатат во друга валута освен во долари. Ги исцрпи ли Русија своите резерви?

„Затоа може да се смета дека Русија, според дефиницијата на агенцијата, е во банкрот доколку до 4 мај, кога истекува рокот на чекање од еден месец, не ги исполни своите обврски во долари“, се вели во соопштението.

Moody’s се познати по тоа што редовно го анализираат кредитниот рејтинг на земјите низ светот. Во нивната анализа се додава и дека повеќето еврообврзници на Русија по 2018 година мораат да се плаќаат во долари.

Не можеме бесконечно да се потпираме на резервите

Дека Русија влегува во тежок економски период потврди и Елвира Набијулина, гувернерката на Централната банка на Русија. Резервите на злато и домашните девизи не се доволни за економско закрепнување.

– Руската економија не може бесконечно да се потпира на своите финансиски резерви и ќе мора да се трансформира за да се справи со ефектите од меѓународните санкции – изјави Набијулина.

Според неа, ќе бидат потребни две години, до 2024 година, за инфлацијата да се врати на поставената цел од 4,0 отсто, пренесува Ројтерс.

– Периодот во кој економијата може да живее од резерви е ограничен. Во вториот и третиот квартал ќе влеземе во период на структурна трансформација и потрага по нови деловни модели – вели таа.

фото: твитер/принтскрин

Продажба на девизи и дигитална рубља

Таа вели дека санкциите главно се одразиле на финансискиот пазар, а сега сè повеќе ќе почнат да влијаат и на економијата.

– Главните проблеми ќе бидат ограничувањето на увозот и надворешната трговска логистика, а во иднина ограничувањето на извозот – рече таа, додавајќи дека руските компании ќе мора да се приспособат.

Централната банка размислува за пофлексибина продажба на девизите од извозниците, а исто така го тестира издавањето на дигитална рубља за да им овозможи на Русите да вршат трансакции помеѓу дигиталните паричници.

Правни контрамерки на западните санкции

Руското Министерство за финансии не му дало коментар на Ројтерс во врска со банкротот. Министерот за финансии Антон Силуанов за весникот „Известија“ претходно месецов изјави дека ако Русија биде принудена на неплаќање, односно биде ставена во „default состојба“ ќе преземе правни мерки. Какви ќе бидат тие мерки уште не е познато.

Досега, западните санкции замрзнаа околу 300 од 640 милијарди долари злато, девизи и имот кои Русија, односно руски државјани ги имаа надвор од земјата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО