16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Не можеле да ја најдат оригиналата плоча од „Прохор Пчински“

НАЈЧИТАНО

Претседателот Стево Пендаровски се заблагодари на Србија што за рекордно кратко време направила нова плоча со оригиналниот текст од заседанието на АСНОМ пред која тој се поклони вчера како дел од одбележувањето на 2 Август во манастирот „Прохор Пчински“.

Пендаровски вели дека Скопје и Белград имаат договор од 2000-та година околу одбележување на културно-споменични обележја во двете земји.

– Мислам дека тоа можеби послужи како правна основа брзо да ја направиме таа работна група и за следниот пат да ги имаме сите оние обележја кои ги имало ова место во времето кога било одржано историското заседание. Меѓутоа, морам уште еднаш да ги пофалам и да им оддадам почит на српските домаќини, затоа што успеаја за рекордно кратко време оригиналната плоча која не можеа да ја најдат, да направат нова со оригиналниот текст и пред која денеска (2 Август н.з.) се поклонивме – рече Пендаровски.

На спомен обележјето, поставено од српските власти, на македонски и на српски јазик пишува „На 2 август 1944 година на ова место е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, каде народните изабраници донесоа историски одлуки со кои се воспостави државноста и самобитноста на македонскиот народ, изразувајќи ја својата определба да живеат заедно со народите на Југославија“.

Новата плоча за заседанието на АСНОМ во „Прохор Пчински“

 

Вчера, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски реагираше дека македонската делегација во Прохор Пчински не се поклонила пред оригиналната плоча.

 

– Јас мислам дека идејата не е да дојдеме само оваа година, туку од оваа година натаму постојано тука да го славиме. Знаете, има нов контекст во политичките односи, ние никогаш не сме имале проблеми, меѓутоа меѓу црквите постоеја одредени проблеми кои се разрешени од мај оваа година и мислам дека тоа треба да го искористиме, дополнително да го зацврстиме тоа и црковно и државно пријателство меѓу двете држави и двата народа. Не верувам, такво уверување добив од моите домаќини, дека ова се случува само сега и дека е ПР-настан – сакаат само да се пофалат. Не, ова треба да биде еден камен-темелик, значи да положиме темелник на новите односи и во оваа смисла, оти ако не ги почитуваме светињите, ако не ги почитуваме светите места наши и нивни од нашето минато мислам дека немаме никаква иднина во билатералните односи – изјави Пендаровски.

Тој потсети дека ова е местото каде што е формирана современата македонска држава.

– Од различни причини не можевме да дојдеме тука и на ова место тука да го прославиме тој празник, па правевме некакви алтернативни, паралелни прослави во близина, но не и овде, кадешто е навистина одржано историското заседание на АСНОМ. Јас се надевам дека ова е почеток на една добра традиција, во која 2 Август, ова е нашиот втор Илинден, ќе го прославуваме тука, и од тука натаму, како што велат старите, со сите нишани ќе доаѓаме да одадеме почит на оние кои ја формирале македонската држава во 1944 година – изјави претседателот Пендаровски.

Тој претходно рече дека го „издејствувал“ одбележувањето на Илинден во манастирот „Прохор Пчински“ откако добил „благослов од српскиот патријарх Порфириј и поддршка од претседателот Александар Вучиќ“, а тоа го потврди и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, кој ја предводеше српската државно-црковна делегација во Прохор Пчински.

– За тоа сведочи политиката на Србија, која е решена да ја зајакне политиката на добрососедство, соработка и заеднички живот со соседите. Така, како што е и во рамки на иницијативата Отворен Балкан, која претседателот Вучиќ ја иницираше со премиерите на Македонија и Албанија, се обидуваме да покажеме колку духот на толеранција и пријателство е нешто што секогаш ќе го надмине духот на нетолеранција и непријателства – рече Селаковиќ.

Во „Прохор Пчински“ се одржа и утринска заедничка литургија за Св. Илија со која чиноначалствуваше Врањскиот епископ г. Пахомије, а сослужуваа Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и епископот Стобиски г. Јаков од МПЦ-ОА и епископот Давид од ПОА.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО