1.8 C
Ohrid
Saturday, January 28, 2023

Не е иста цената на реклама во17 часот и 3 часот наутро, исто е и со струјата во 2 часот наутро

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Премиерот Димитар Ковачевски за да се спаси од досадното инсистирање на новинарите за ниската цена на продадените на ноќни вишоци од електрична енергија од страна на ЕСМ денеска направи интересна споредба.

Тој  за да појасни дека цената на ноќните вишоци на електрична енергија не може да биде иста како во дневните часови кога целата индустрија работи и побарувачката на струја е голема, направи споредба со  закупот на рекламен простор во телевизиите.

– Цената на рекламата во 17 часот попладне сигурно е поголема од онаа во 3 часот наутро. Така е и со цената на електричната енергија од 2 до 7 часот наутро која се смета за ноќен вишок. Цената не може да биде иста со цената на електричната енргија во 14 или 15 часот кога е најбарана. Ноќните вишоци се продаваат по пониска цена која се формира на аукција. Вишоците кои се јавуваат, ЕСМ ги објавува на аукција на која може да учествува и да ги купи секоја компанија која има потреба од струја во тој период од денот. Секоја компанија која се занимава со трговија на електрична енергија, може да се јави на аукција и да ги купи – рече Ковачевски.

Тој посочи дека сите капацитети кои произведуваат струја се во погон, а државава е најдобра во регионот во справувањето со енергетксата криза.

– Од почетокот на грејната сезона, сите производствени капацитети се ставени во погон за производство, иако не веруваа аналитичарите. РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и РЕК Осломеј, како и сите хидроцентрали. Тоа овозможи во деновите кога има најголема потрошувачка енергија, Македонија да не увезува електрична енергија, што значи дека оние компании кои се на регуларниот пазар и домаќинствата добиваат субвенционирана електрична енергија. Според закон ЕСМ треба да испорачува 60% на регуларниот пазар, со одлука на Влада, ЕСМ беше задолжено да испорачува 100%. Дополнително одлучивме дел од компаниите да се снабдуваат од ЕСМ, меѓу кои училиштата, компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти и болниците. Дополнително поради кризата, а особено здравствениот сектор, а особено после кризата, Владата исплати долгови за струја кои ги имаше здравствениот сектор. Се јавуваат вишоци, ЕСМ ги објавува и на аукција која компанија сака д ги купи. Секоја компанија која се занимава со трговија на електрична енергија, може да се јави на аукција и да ги купи – рече Ковачевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Близок соработник на Путин тврди дека исчезнатата јахта Ирина ВУ не е негова

Канцеларијата за односи со јавноста на Алишера Усманов во петокот извести дека Усманов не е сопственик на јахтата Ирина ВУ, која е под меѓународни...

Почина наградуваниот босански актер Саша Петровиќ, глумеше во „Луд, збунет, нормален“, „Аудиција“, „Ничија земја“…

Актерот Александар Саша Петровиќ почина на 62-годишна возраст, а режисерот Срѓан Вулетиќ ја соопшти тажната вест.На 62-годишна возраст почина актерот Александар Саша Петровиќ од...

Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите

Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина...
spot_img
spot_img
spot_img