26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Не ги јадете првите лубеници во сезоната, наведоа експертите сериозна причина

НАЈЧИТАНО

Првите лубеници веќе се појавија во маркетите и продавниците, но лекарите предупредуваат на опасноста од штетните состојки кои ги содржи лубеницата.

Лубениците на почетокот на сезоната генерално содржат големо количество нитрати, или супстанции кои се користат за брзо зреење на овошјето. Оваа супстанца не е штетна во мали количини, но доколку постојано се внесува во организмот може да предизвика труење што резултира со гадење, повраќање и болки во стомакот, пишува b92.
„Хроничните болести може да се влошат кај луѓето кои внесуваат големи количини нитрати, а ако веќе имаат проблеми со дигестивниот систем, може да очекуваат негативни последици. Иста е ситуацијата и со воспалителна болест на цревата“, велат експертите.

Раните лубеници не се препорачуваат за следните групи поради нитрати: деца, лица со алергиски заболувања и оние со слаб имунитет, како што се пациентите на хемотерапија.

Треба да се биде внимателен
Сепак, треба да се напомене дека не сите лубеници кои моментално се продаваат се полни со нитрати. Доколку се одгледуваат во пластеник, тогаш таму се создаваат услови за побрзо созревање отколку на „отворено“, поради што нема потреба од употреба на нитрат.

Експертите предупредуваат дека, иако не е сигурно дека сите рани лубеници ќе ја содржат оваа состојка, сепак треба да се внимава.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО