17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Нефи Усеини со јасна порака до граѓаните на Охрид ,до колку не ги удоволат неговите барања, можат да бидат и тепани и е..ни!

НАЈЧИТАНО

Воопшто постанува небитно и крајно дегутантно,кој ќе биде следен на листата на претепување на миленикот на Али Ахмети ,Нефи Усеини! шемата на испади на Нефи Усеини функционира веќе 15 години,тој е главен Феудалец на Охрид , охриѓани се негови слуги ,заморчина,граѓани од втор ред, полицијата и обвинителството се само додатна алатка во неговите раце,за да може да си прави што сака и колку сака и, така до недоглед…

Ексклузивно-„ Вчера од страна на ПС од ОН Охрид при СВР Охрид ,како што дознава Охридскај ,се направи обид да биде повикано лицето Ниефи Усеини од страна на полициски службеници,во врска предметниот кривично правен настан. Од страна на Усеини добиле краток одговор-„Ај бегај ,кога ќе можам тогаш ќе дојдам во полиција“, полицјаците налево круг и кидавела…

КОРУМПИРАН НАЧАЛНИК, КОРУМПИРАН ОБВИНИТЕЛ,КОРУМПИРАНИ ИНСТИТУЦИИ СЛУГИ НА НЕФИ УСЕИНИ!!

Претепан советник во совет на Општина Охрид,претепан Професор на факултет, претепан охриѓанец во Хотел „Уник“ со кундак од пиштол и бркотница низ хотелското фоае..,ова се само дел од испадите на Нефи Усеини кој се познати во јавноста ,од како охридската полиција по голеема реакција на јавноста и новинарите , мораа да ги објават во својот полициски билтен…, но што остана непозната за јавноста???

Поранешниот градоначалник на Охрид Константин Георгиески во повеќе наврати во влада се жалел на притисоците кој ги имал од Нефи Усеини,за бесправните градби и неговите барања за нови локации за градба,промени на ДУП и слично.Во 2020 година од страна на МВР во Охрид беше испратен посебен тим на специјалните полициски сили (Тигар) кој имаа задача да се грижат за безбедноста на тогашниот Грдоначалник Константин Георгиески 24/7 и беа стационирани во кабинетот на градоначалникот.Оваа операција која требало да биде тајна, веднаш доби јавни размери и тоа благодарение на тогашниот градоначалник Константин Георгиески,кој веднаш раструбил дека ,Нефи не му може ништо и дека го чуваат полицајци,па така наместо акција , МВР добива нова реакција,Константин Георгиески едноставно не сака да потпише пријава против Нефи Усеини и уште една криминална банда од Охрид , полициските слжпецијалци си заминуваат со празни ракави после двонеделно чување на Константин Георгиевски кое полициското обезбедување го искористи до крајни граници во неговата нарцисуидност,дека никој не му можел ништо…!!!???

По заминувањето на специјалците ,следуваше претепување на Спиро Топаловски во Хотел „Уник“ и повторно ЈО и охридската полиција мораа да постапат под притисок на јавноста..,менуваа одлуки , бегство, притвор, домашен притвор, гаранции ,ветувања дека нема да го повтори делото, но од тогаш има илијадници настани каде што охридската полиција воопшто не сакала да постапи.

Нема место во Охрид каде Нефи усеини нема градба,нема ископано и узурпирано улици, тротоари,возилата ги возат нерегистрирани,а шоферите поголем дел воопшто не ни поседуваат возачки дозволи.Има смешни моменти во сообраќај,кога возила миксери и камиони на фирмата на Усеини поминуваат покрај сообраќајно контроли,собраќајците ги врстат главите , не ги гледаат,не сакале да се замерат многу бил моќен,а неговиот братучед бил заменик началник на СВР Охрид,ќе го јаделе стапот!!!!

Парадоксален е фактот дека некој нарушители за многу побанални дејствија добивале мерки притвор под итна постапка, додека во конкретниов случај се оди со прекршочни пријави,за да знаат другите граѓани ,дека со Нефи Усеини не можат,мора да го слушаат и да бидат негови вазали.ваквата порака се праќа и до општинската администрација, зошто доколку не го послушаат Нефи и не ги удоволат неговите барања, можат да бидат и тепани и е..ни!!

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО