5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

Неуспешен беше првиот обид на Велика Британија да лансира сопствена ракета во земјината орбита, поради „аномалија” за време на летот

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Неуспешен беше првиот обид на Велика Британија да лансира сопствена ракета во земјината орбита, поради „аномалија” за време на летот, јави агенцијата ДПА.

По полетувањето од Корнвол, „Боингот 747″ на „Virgin Orbit” наречен „Козмик Грл” што ја носеше ракетата, прелета 10,7 километри над Атлантскиот Океан од каде беше лансирана ракетата со девет мали сателити. Организаторите на лансирањето за мисијата „Start Me Up” соопштија дека ракетата не успеала да стигне до орбитата.

 

„Се чини дека има аномалија што ја спречи ракетата да стигне до орбитата. Ги анализираме сите информации. Кога ќе дознаеме повеќе… ќе ги споделиме”, се посочува во серијата пораки што преку Твитер ги објави „Virgin Orbit”.

Додека инженерите се обидуваат да откријат што тргна наопаку, авионот безбедно се врати во Корнвол.

Авионот е наречен „Козмик Грл” по хитот на Ролинг Стоунс од 1981 година. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Што го испишмани Бесими да го поништи покачувањето од 30 отсто?

Дали се во прашање законите или министерот за финансии и владата се повлекоа од најавата дека ќе им ги зголемат платите на вработените во...

РАБОТНА ПОСЕТА НА ХРВАТСКАТА АМБАСАДОРКА НА ОПШТИНА ОХРИД

Денес во работна посета на Општина Охрид, престојуваше амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ. Во разговор со градоначалникот Пецаков, беа разгледани...

Како предвоената престолнина на секс туризмот се претвори во дувло полно со насилство и ХИВ!

Убиства, злоупотреби, прогони, окупација, уништување, емиграција… тоа се зборови кои денес автоматски се поврзуваат со Украина. Инвазијата на таа земја донесе со себе страдање...
spot_img
spot_img
spot_img