24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Нестабилното време ќе се задржи до петок

НАЈЧИТАНО

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во западните и јужните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 30 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура до петок ќе биде во опаѓање.

И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО