18.2 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Неочекувано, тие открија посебна црна дупка: таа може да проголта по една Земја секоја секунда

НАЈЧИТАНО

Астрономите од Австралискиот национален универзитет во Сиднеј денеска ја открија најбрзо растечката црна дупка во последните девет милијарди години, јавува германската новинска агенција dpa. Водачот на меѓународниот истражувачки тим, Кристофер Онкен, го опиша откритието како „многу голема и неочекувана игла во стог сено“.

Црна дупка споредлива со масата од три милијарди сонца троши еквивалент на една Земја во секунда и емитира 7.000 пати повеќе светлина од целата наша галаксија.

„Астрономите бараат такви објекти повеќе од 50 години. Тие пронајдоа илјадници подосадни црни дупки, а овие екстремно светли останаа незабележани “, рече Кристофер Онкен. „Светлината емитирана од оваа црна дупка патува до нас околу седум милијарди години“, изјави тој за „Гардијан“. Според неговите претпоставки, оваа црна дупка настанала со судир на две галаксии.

Коавторот на истражувањето, Кристијан Волф, изрази уверување дека се работи за рекордна црна дупка, велејќи дека повеќе нема простор на небото каде се уште може да се кријат такви предмети.

Црната дупка ја забележале астрономите со телескоп од 1,3 метри во Нов Јужен Велс, Австралија, пишува The Guardian. Наодите на истражувачите беа објавени на порталот arXiv.org и доставени до научното списание на Астрономското друштво на Австралија, според dpa.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО