2.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Нема надеж за преживеани во авионската несреќа во Непал

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Нема надеж да се најдат преживеани од авионската несреќа со 72 патници во Непал, изјави висок локален функционер.

„Досега најдовме 68 тела. Бараме уште четири тела… Се молиме за чудо, но има „нула надеж“ дека ќе најдеме некој жив“, изјави Тек Бахадур КЦ, водач на округот Такси каде вчера се урна авионот.

Спасувачките екипи утрово ја продолжија потрагата по жртвите во авионската несреќа која беше прекината во текот на ноќта.

Авион ATR72 на Jeti Airlines се урна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара.

Остатоците од авионот и расфрланите парчиња багаж се во длабоката провалија каде паднал авионот при слетувањето на новоотворениот меѓународен аеродром во градот Покара. Тој аеродром беше отворен на 1 јануари.

Потрагата, во која учествуваше војската и многу локални жители, беше отежната поради пожарот и густиот чад.

Во авионот имало 68 патници и четворица членови на екипажот, изјави претходно за АФП претставникот на авиокомпанијата. Меѓу патниците имало и 15 странски државјани – пет Индијци, четворица Руси, двајца Јужнокорејци и по еден државјанин на Ирска, Австралија, Аргентина и Франција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Покојниот крал на попот ќе го игра неговиот внук Џафар Џексон

Американскиот режисер Антоан Фуква го пронајде главниот актер за неговиот планиран филм за животот на поп ѕвездата Мајкл Џексон. Главната улога во филмот Мајкл...

Затворениците во САД ќе можат да си ја скратат казната со донирање органи

Затворениците во американската сојузна држава Масачусетс ќе можат да ги намалат затворските казни за најмалку два месеци доколку донираат коскена срж или органи. Доколку законот...

Ова се градовите со најголем метеж – како помина Љубљана?

Љубљанци поминуваат околу 32 часа годишно во сообраќаен метеж, додека загрепчани дури два дена. Со пандемијата на Ковид-19, дури и нашите градови земаа здив неколку...
spot_img
spot_img
spot_img