Нема место за паника, досега во земјава нема потврден случај на новиот сој на коронавирусот наречен кракен

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Нема место за паника, досега во земјава нема потврден случај на новиот сој на коронавирусот наречен кракен, изјави за МИА Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

– Сѐ уште нема регистрирано кај нас, бидејќи последното секвенционирање на позитивните примероци на ковид е направено на 5 декември и во таа рунда на секвенционирање, не е откриен овој сој, кракен. Засега нема точна информација кога би било следното, отприлика на месец дена се прават тестирањата. Веројатно следните денови би имало нова рунда на секвенционирање – појасни Петличковски.

Но, од податоците што ги имаат од САД и од Европа, како што нагласи, не се очекува некаков драматичен пресврт ни со оваа нова варијанта.

– Таа е малку повеќе заразна од претходните, како што сите нови варијанти што се појавуваат во изминатите месеци се однесуваат, стануваат малку повеќе заразни и малку поблага клиничка слика предизвикуваат на болеста. Така да, не очекуваме некој драматичен пресврт ниту со таа варијанта, истакна Петличковски.

Тој информираше дека Комисијата за заразни болести следната среда ќе има состанок и ќе се разгледува состојбата.

– На терен, извештаите од болниците укажуваат на навистина стабилна состојба. Вкупно 30 хоспитализирани лица минатата недела, ниедно од нив на инвазивна вентилација, вкупно два смртни случаи, сѐ е како во последните три-четири месеци. Многу стабилно. Апсолутно нема простор за паника – додаде Петличковски.

Доминантниот сој на коронавирусот, омикрон, доби подваријанта ХББ.1.5, позната како кракен, што брзо се шири низ САД, како и низ дел од европските држави.

Од балканските држави, во Србија засега нема официјални информации за присуство на кракен, но, како што пишуваат дел од српските медиуми, се очекува да има наскоро, бидејќи подваријантата веќе се појави во Романија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img