14.9 C
Ohrid
Thursday, September 29, 2022

Нема враќање на економијата пред рускиот напад на Украина

НАЈЧИТАНО

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска од самитот на Групата седум најбогати демократии (Г-7) изјави дека нема да има враќање на времето од пред нападот на Русија врз Украина, што доведе до долгорочни промени во меѓународните односи.

– Кога ситуацијата ќе се промени, мора да се смениме и ние – рече Шолц во изјава за една германска телевизија на крајот од вториот ден од самитот на Г-7 што се одржува на Баварските Алпи, пренесуваат британските медиуми.

Шолц, кој е домаќин на самитот, рече дека лидерите на Г-7 денеска имале конструктивни разговори со претставници на земјите во посета – Индија, Индонезија, Сенегал, Јужна Африка и Аргентина – кои ги нарече „демократии на иднината“.

– Добро е, важно и неопходно е да разговараме еден со друг. Со слушање се воспоставува меѓусебно разбирање и на тој начин ја олеснува нашата работа – рече тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО