26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Немаше кворум да се расправа за пожарот во тетовската модуларна болница и за сообраќајната несреќа во Бугарија на денешната собраниска анкетна комисија

НАЈЧИТАНО

Немаше кворум да се расправа за пожарот во тетовската модуларна болница и за сообраќајната несреќа во Бугарија на денешната собраниска анкетна комисија, јавува Канал 5. Присутни беа само пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од Алијанса за Албанците и од БЕСА. Тие упатија низа критики до власта затоа што избегнува расправија во законодавниот дом и до надлежните институции кои не доставиле одговори во Собрание, за тоа како дошло до ваквите трагедии.
Опозициските пратеници се пожалија и во Комисијата за избори и именувања каде што тече процедурата за избор на уставни судии. За нив е неодговорно да се поклопуваат термините за седници, и да нема кворум за важни теми. Претседателката на комисијата од редовите на СДСМ, Марија Георгиевска, вели дека седницата е навремено закажана, во координација на сите партии.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО