8.5 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Нелегална градба на “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид остави 10.000 граѓани без водоснабдување,оштети цел коловоз од над 1 милионевра,обвинителство молчи???!!!

НАЈЧИТАНО

Нелегална градба на улица АСНОМ во Охрид од страна на ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид“,остави над 10.000 граѓани на Охрид без снабдување со вода,тотално и трајно оштетен коловозот и пешачката патека на улица АСНОМ во Охрид,последицитие од алчноста на сопственикот на ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012“ ДООЕЛ Охрид,допрва ќе ги остетат граѓаните на Охрид и Општина Охрид.

Сопстевникот на ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид со закани кон општинската власт-„Вас ке ви остане само пенкалото,ништо не ми можете“!Обвнинитеслтво не постапува ???

Сопстевникот на ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид,овластениот надзор „Конструктор ДООЕЛ“ Струга. постапувајки спротивно на законот за Градба со  оп­што­о­пас­но дејс­твие предизвикал  зна­чи­тел­на опас­ност по безбедноста во сообраќајот, здравјето ,жи­во­тот и те­ло­то на граѓани на Општина Охрид,на начин што за себе да привбаваат поголема материјална имотна корист,спротивно на деталниот урбанистички план на Охрид и дозволата за градба која ја поседувале Бр.Ул.1бр.20-39 од 03-03 2022 година,излегле со градежен ископ и други градежни дејствија вон одобрението,со намера да ја зголемат градежната парцела за што немале уредна дозвола , при што предизвикале прекин на главната водоводна цевка која врши водоснабдување на половина од Град Охрид, предизвикале трајно оштетување на коловозот и пешачката патека на улица АСНОМ во Охрид за која во 2021 година Општина Охрид за реконструкција на истата исплати 1.000.000 евра на АД Илинден Струга.

При увидот на овластени служби на Општина Охрид, утврдено е дека инвеститорот ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид“, гради спротивно од одобрението за градење. Од страна на градежниот инспектор утврдено е дека, инвеститорот узурпирал дел од соседната катастарска парцела и направил големо оштетување на улицата и водоводната мрежа.
Од страна на овластениот градежен инспектор изготвено е решение за прекин на изградбата, со дополнително решение за надомест на причинетата штета.

При увидот од страна на овластени лица од Општина Охрид на местото на кривичното дело на Улица АСНОМ во Охрид , сопственикот на ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид упатил закани кон овластено лице од Општина Охрид со зборовите :„Вас ке ви остане само пенкалото,ништо не ми можете,не знаете кој стои зад мене“,при што се обидел со примена на физичка сила да го острани овластенот лице на Општина Охрид од местото на настанот,но во таквата намера сосптевникот на ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид не успеал од како наидел на цврст отпор од страна на овластеното лице од Општина Охрид.

СВР Охрид, криминалистичката полиција извршила детален увид на местото на настанот на кривично правниот настан,извршено е целосно документирање на фактичка состојба ,а од страна на сообраќајната полиција, извршено е затворање на улицата АСНОМ со соодветна сигнализација,но од СВР Охрид очекувата до нов да пристигне пријава од страна на Градежен Испектор при Општина Охрид.

Јавниот Обвинител на Охрид иако имал можност да постапи по ДОПРЕН ГЛАС не псотапил,зошто ??

Граѓаните на Охрид ,кој поради нелегалните активности на ДГУПТ “Еуро –Билдинг“ 2012 ДООЕЛ Охрид и се останати без водоснабдување повеќе денови, можат да поднеста тужбени оштетни  барања до надлежен суд против ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012“ ДООЕЛ Охрид,доколку на било каков начин имаат претрпено штети, децидни се правниците кој ги контактира редакцијата Охридскај.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО