2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Невестата сечеше торта пред затворот

НАЈЧИТАНО

Најпознатиот политички затвореник и основач на Викиликс Џулијан Асанж (50) се ожени со својата адвокатка Стела Морис (38) во лондонскиот затвор Белмарш.

Според Дејли Мејл, парот имал интимна церемонија пред четворица гости и двајца сведоци. Познатата Вивиен Вествуд дизајнираше венчаница за Стела и килт за Џулијан чии родители се со шкотско потекло, додека тој е роден во Австралија.

– Очигледно сме многу возбудени, иако околностите се многу ограничувачки. Сите гости и сведоци мора да заминат веднаш штом ќе заврши церемонијата и покрај фактот дека тоа ќе биде пред да заврши времето на посетата. Џулијан со нетрпение ја очекува венчавката бидејќи таа конечно ќе се случи, многу месеци по нашето барање – изјави Морис, која со Асанж ги има синовите Макс и Габриел.

Двојката ќе има поддршка и од луѓето пред затворот каде што Стела ја пресече свадбената торта и сите ќе бидат свечено облечени како да се на „нормална“ свадба.

– Денес е денот на мојата свадба. Се омажив за љубовта на мојот живот. Мојот сопруг и татко на нашите две деца, прекрасен, интелигентен и забавен човек, кој има длабоко чувство за доброто и злото и е познат низ светот по неговата храбра работа… – рече Морис.

Фотографиите ги направија затворските чувари кои беа присутни на венчавката, а парот сам ќе ги плати сите трошоци и побара од сите да донираат пари за кампањата „Crowfunder“ или да направат нешто како лепење плакати со барање за ослободување на Џулијан.

Инаку, за неколку недели ќе навршат три години откако Асанж беше извлечен од амбасадата на Еквадор во Лондон и уапсен. Тој најверојатно ќе биде екстрадиран на американските власти наскоро откако Врховниот суд ја одби неговата жалба пред една недела.

Сакаат да го тужат затоа што преку Викиликс, меѓународна непрофитна организација, објави стотици илјади документи за војните во Авганистан и Ирак.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО