9.1 C
Ohrid
Friday, December 9, 2022

На 95 години номинирана за „Греми“

НАЈЧИТАНО

На 95 години кубанката Анхела Алварез, годинава како највозрасна латино пејачка, ќе влезе во конкуренција за музичката награда „Греми“ и тоа во категоријата „најдобар нов уметник“.

Во оваа конкуренција Алварез се натпреварува и со 80 години помладата Јарица Мартинез, која има 15 години, со 24-годишниот Шпанец Пол Гран и со 25-годишната мексиканска поп-ѕвезда Силвана Естрада.

Како дете, Кубанката научила да свири на пијано и гитара, вели таа во интервју за „Билборд“. Таа потоа почнува да компонира и пее свои песни, но нејзиниот татко ја обесхрабрувал да се занимава со музика. Алварез се омажила, па денес има 4 деца, 9 внуци, а станала и прабаба.

Занимливо е тоа што внукот Карлос Хозе Алварез ја убедил повторно да се занимава со музика и да снима песни – нејзиниот младешки сон. Дури минатата година, Анхела и нејзиниот внук, кој компонира филмска музика, се поврзаа со продуцентот Мишаал ал-Омар и во јули излезе првиот албум насловен „Анхела Алварез“. Првиот албум на новата Латино ѕвезда има 15 песни, меѓу кои и моќната „Un Canto A Mi Cuba” – ода за нејзината родна земја.

– Овој албум е ремек дело. Нејзината музика и глас се благослов за мене – прокоментира нејзиниот колега и добитник на „Греми“, Хусто Алмарио.

Свеченоста на доделувањето на „Латино Греми“ наградите ќе се одржи на 17 ноември во Лас Вегас.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО