8.3 C
Ohrid
Wednesday, December 7, 2022

На 2 јуни владата започнува стратешки дијалог со САД

НАЈЧИТАНО

Согласно одличната соработка со САД и силната поддршка која ни ја даваат континуирано, но и бројните иницијативи во сите општествени сектори, сметавме дека времето е созреано за подигнување на уште едно повисоко ниво во скалилото на односи, а тоа е изјавата за стратешко партнерство со САД да се преведе во процес на стратешки дијалог што ќе значи фокусиран процес на имплементација, приоретизирање, но и следење и мониторирање на тие односи, ставање во рамка на сите тие фрагментирани, бројни иницијативи меѓу нашите држави во еден фокусиран процес кој ќе се следи во рамки на овој стратешки дијалог, информира денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција.

Османи појасни дека на денешен ден пред 14 години е потпишана изјавата за стратешко партнерство со САД со што односите меѓу двете држави се подигнаа на уште едно повисоко ниво на стратешко партнерство кое, како што кажа, кулминира со поддршката за нашето членство во НАТО во 2020 година и тоа партнерство се карактеризираше со голема блискост, взаемна доверба и мноштво проекти и иницијативи за поддршка на демокрактските институции за создавање функционална мултиетничка демократија, но и на сите останати сектори.

Тој процес, како што појасни Османи, двете влади го почнуваат во Вашингтон на 2 јуни, како признание за нашите постигнувања воопшто, но и во односите со САД.

– МНР ќе го води тој процес на стратешки дијалог од наша страна, целата Влада ќе биде дел од тој процес во рамки на тематските прироитети кои ги определивме во овие разговори. Бидејќи во меѓувреме ние ги правиме подготовките има меѓуресорка работна група во која се вклучени министри од ресорите кои во овој прв процес што го почнуваме ги определивме како најважни – владеење на правото, политичките односи, антикорупција како еден сегмент, соработка во делот на одбраната, сајбер заштита, економска соработка, инвестиции, создавање на пазарна економија се разбира сорботка во делот на енергијата, и останатите теми во рамки на мултилаатералната соработка кои ги поделивме на тематски целини – информира Османи.

Дијалогот од наша страна ќе го води МНР, а од нивна страна Стејт Департментот.

– Ги определивме како важни приоритети соработката во делот на енергијата, беше многу важно со САД ја да отвориме и темата за одбрана, сајбер заштита, безбедност, меѓутоа и конкретни иницијативи во делот на културата, образованието, движењето на нашите граѓани во САД обратно. Имаме уште цел месец да ја дефинираме агендата, да ги поставиме нашите размислувања, таму ќе одиме цела Влада да ги претставиме нашите приоритети – рече Османи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО