На 13 и 14 јануари ќе се одржи Вевчанскиот карневал на кој е најавено присуство на големата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

На 13 и 14 јануари ќе се одржи Вевчанскиот карневал на кој е најавено присуство на големата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ. Неговото приуство сѐ уште не е потврдено, а организаторите нагласуваат дека фокусот ќе биде на македонската музика и на македонските изведувачи на рок, поп и народна музика.

– Музичката програма почнува вечерта на 12 јануари, кога пред присутните треба да настапат рок и поп- бендовите: „ГИГ ОФФ“ (Сашко Гигов-Гиш и пријателите), Венко Серафимовски и „Прпл цепелин“, реге-бендот „Брука“, „ДНК“, „Ласт експедишн“, Фиц и „Студени нозе“. На 13 јануари вечерта, пак, присутните ќе уживаат во народната музика, а на сцената во центарот на Вевчани ќе настапат „Баклава“, „Банда Ентопика“ од егејскиот дел на Грција (популарен бенд што изведува македонска и грчка народна музика со призвук на џез), Нино Величковски и „Кумановските тамбураши“, „Некст тајм“ и Перо Бели – велат организаторите.

Вевчанскиот карневал, кој се одржува во чест на Свети Василиј, односно православна Нова година, а од 2008 година е збогатен и со културна манифестација, започнува на 13 јануари со василичарско дефиле, кое ќе се движи од влезот во Вевчани кон центарот, каде што ќе се игра оро. Традиционалните вевчански маски Зетот и Невестата, Глупи Август, Ѓаволите, но и сите други маски, пред присутните ќе покажат што не чинело во изминатата година во државата. По василичарското дефиле, Зетот и Невестата од Горна и Долна Маала ги посетуваат сите домови во Вевчани, посакуваат здравје и бериќет во новата година, а домаќините ги даруваат. Ноќта на 13 јануари се оди на вода на Вевчанските извори. Карневалот продолжува во раните утрински часови на 14 јануари. Василичарите организирано ќе ја посетат секоја вевчанска куќа во која има човек што се вика Васил. Манифестацијата продолжува во центарот на Вевчани со василичарското оро, за карневалот да заврши во пладневните часови со палење маски, за злото да не се повтори и во новата година.

– Вевчанскиот карневал по многу нешта е специфичен. Тоа е желба за забава и дружење и ги има задржано изворните карактеристики уште од почетокот на одржувањето. Карневалот е медиум што ѝ пренесува на власта дека нешто не чини и истовремено е нејзин коректор. Со Вевчанскиот карневал има многу хумор и сатира. Паметна власт на карневалот може да ја види целата негативност што ја правела во текот на годината и ќе може да се коригира. Некому може му изгледа дека има многу политика, но тоа не е така, туку е корекција на власта. Карневалот нема ниту верска ниту национална омраза Ако видите грубост или вулгарност, пораката е: Не бидете груби и вулгарни! Вевчанските маски покажуваат какви не треба да бидат луѓето. Сè што е негативно во секој сегмент во општеството, ќе го видите низ тие маски на Вевчанскиот карневал – рече градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.

Пишани извори сведочат дека карневалот во Вевчани е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2.200 години.

– Вевчани е магија. Не се работи за пари, бидејќи карневалот нема цена. Луѓето сакаат да дојдат и да го поддржат фестивалот. Сакаат да бидат дел од таа приказна – велат организаторите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Силен ветер во Кавадаречко

Силен ветер денеска го зафати Кавадаречко, кој откорна бандери и повеќе дрвја, информираа вечерва од кавадаречката локална самоуправа. „Брза беше интервенцијата на пожарникарите од Територијалната...

Пендаровски вели дека територијалните претензии станале секојдневие

Најостро го осудувам вандалскиот чин на каменување на македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во Бугарија, наведува претседателот Стево Пендародвски во реакција на...

Пронајдени се живи четворица исчезнати на Кожуф

„Пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица е примена денеска во 14:50 часот. Се јавил загрижениот татко на едно од изгубените, бидејќи...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img