9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

На „Табановце“ се чека 1 час, а на „Богородица“ 30 минути

НАЈЧИТАНО

На ГП „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е од 30 минути до еден час, информира АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО