23.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

На СЕФФ ќе се дебатира за макроекономските предизвици

НАЈЧИТАНО

Министерството за финансии на 30 и 31 мај во хотелот „Александар Палас“ ќе го организира Скопје економски финансиски форум – СЕФФ, а еден од столбовите на кои ќе се темели дискусијата е преку регионална соработка и поттикнување на конкурентноста на економиите, како ќе се зголеми нивната отпорност на идните шокови, а воедно и ќе се забрза развојот на регионот и одделните национални економии.

Како што информира организаторот на форумот се предвидени високи функционери од регионот и земјава и претставници на бизнис секторот и експертската јавност.

– Во изминатите неколку месеци се покажа дека меѓусебната поддршка помеѓу земјите во регионот значи многу во надминувањето на шоковите кои ги донесе ценовнат криза. Исто така, на среден рок, поврзувањето на пазарите и намалувањето на трошоците за движењето на стоки и услуги во регионот, ќе придонесе за пристап до поголем број на потрошувачи од страна на компаниите. На тој начин полесно ќе можат да постигнат економија од обем и да ја зголемат конкурентноста – стои во соопштението од организаторот.

Оттаму велат дека во таа насока е и иницијативата „Отворен Балкан“, кон која Македонија се приклучи заедно со Србија и Албанија, а која има за цел да ги опфати и останатите земји од регионот на Западен Балкан.

– Економските и трговските бариери го намалуваат капацитетот за раст на регионот. „Отворен Балкан“ води кон бришење на границите како административни бариери и ги овозможува четирите европски слободи за движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот. Во рамки на иницијативата склучени се договори со кои се укинуваат граничните контроли за да може стоката да поминува речиси без доцнење и кои им овозможуваат на граѓаните слободно да работат во другите земји – информира организаторот.

Како што се истакнува во соопштението, исто така, се преземаат и повеќе иницијативи за јакнењето на иновативноста и претприемништвото на компаниите, пред сè преку олеснување на пристапот до капитал.

– Во таа насока, креирани се повеќе фондови и линии кои ги таргетираат претприемачите и развојот на малите и средни бизниси, како најголеми креатори на работни места. Преку Фондот за иновации и технолошки развој, како и формирањето на Гарантата шема, целта е да подобри пристапот до капитал за претприемачите, кои ќе креираат додадена вредност и ќе придонесат за раст на конкурентноста и економскиот перформанс – велат од финансии.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО